Еве колку беше важно децата на Новак да бидат со него: Психолог за успехот на Ѓоковиќ и поддршката од семејството
„Тато е најдобар“, пишуваше на пораката што ја држеше ќерката на Новак и Јелена Ѓоковиќ вчера на трибините на Олимписките игри, и така заврши. Ноле го победи Карлос Алказар во финалето и го освои своето прво олимписко злато. Тоа беше единственото нешто што му недостигаше од медали и трофеи. Тој ја постигна својата историска победа додека неговата сопруга и нивните деца беа на трибините. Силата на нивното семејство повторно дојде до израз, посебната врска што го спојува со ќерката и синот. Има милион впечатоци за неговата победа, а психологот Татјана Даничиќ од Србија сокментира за победата на Ѓоковиќ од Париз и за важноста на поддршката од семејството.
Не знаеме што повеќе не‘ разнежни - сликата од Тара Ѓоковиќ како држи знак со споменатиот натпис, солзите на Ноле, бакнежот со сопругата Јелена, а потоа и со децата...
„Од двајцата родители јас сум тој кој е задолжен за нивните активности, спортување, здрав начин на живот. Јелена превртува со очите додека го кажувам ова, но јас сум тој кој ги потсетува на важноста на спортот, тенисот, или било што од спорт, само е важно тие да бидат активни. Дури и кога имам натпревари на турнири ги носам со мене децата. Тие сакаат да доаѓаат на Вимблдон, особено во втората недела од турнирот. Тогаш имаат слободни сали, затворени сали... па можаат да удираат со топката 10, 30, 60 минути. Ќе биде одличен камп, ќе добијам шанса да поминам квалитетно време со нив, како и со мојата сопруга“, изјави неодамна Новак Ѓоковиќ.
Тенискиот ас, чија сопруга Јелена Ѓоковиќ се огласи по неговата победа на Олимписките игри, и рече дека неговата ќерка Тара која го гледала од трибините, му дала сила да продолжи, да истрае... до победата.
Односот меѓу таткото и ќерката е посебен, експертите велат дека оваа врска се карактеризира со посебен вид на емоции и дека е важно да се воспостави добар однос уште од најраното детство кога детето ќе почне да прави суштинска разлика помеѓу мајката и таткото. Односот со таткото влијае и на самодовербата на ќерката и на нејзината самопочит.
Се разбира, односот меѓу таткото и синот не е помалку важен. Момчињата се огледуваат на нивните татковци, се идентификуваат со нив и преземаат „машки“ особини и однесување од нивните татковци.
За развојот на децата пресудни се и двата типа на врски, кои, како што гледаме, се почитуваат и негуваат во семејството Ѓоковиќ.
А колку е важна поддршката од семејството кога ќе го постигнете успехот што Новак го постигна вчера, откако пред само неколку недели заработи повреда на коленото за време на Вимблдон и со сиот притисок што, колку и да е ментално силен Ноле, носи таков предизвик, зборува спсихологот Даничиќ?
„Поддршката на семејството е секогаш важна. Никој од нас не треба да биде сам, ниту кога е добро, ниту кога е лошо. Се е полесно да се поднесе кога човек знае дека не е сам“, вели психологот на почетокот, а потоа се наврати назад на поддршката што Новак ја имаше од раното детство:
„Новак имаше среќа што неговите родители веруваа во него и што вложија многу време и енергија во неговите достигнувања, што се исплатеше повеќекратно - особено за Ноле затоа што го понесе најголемиот товар во кариерата и кога неговата кариера трае толку долго и која е толку исклучително успешна, тогаш биологијата си ја работи својата работа, тогаш се појавуваат некои млади луѓе, се појавуваат бројни дилеми и прашања на кои треба да се одговори - што е многу тешко ако човекот го нема семејството покрај себе“.
Психологот Татјана Даничиќ вели дека за голем успех како што постигна Ѓоковиќ вчера, потребна е голема поддршка.
„Кругот на медали е комплетиран и целото негово семејство може да биде презадоволно“, посочува таа. За тоа колку му било важно децата да го гледаат неговиот триумф, и Тара и Стефан да бидат со нивниот татко, го забележува следново:
„Верувам дека Новак додека ја вршеше својата работа често бил во ситуација да не може да биде со своите деца, да не може да им посвети онолку внимание колку што сака, а денешната ситуација претставува целосна поддршка. Неговата ќерка и неговиот син го разбираат тоа што го направи нивниот татко, дека тоа е огромен успех и Ноле го освои медалот и за своето семејство, тој им го донесе тој златен медал“, заклучува таа.
Фото: Инстаграм - Стори - screenshoot/Youtube - screenhsoot
Извор: женаблиц