Психотерапевт тврди дека ова е главниот знак дека засекогаш ќе останете заедно: Една особина е најдобар показател дека вашата љубов е здрава и ќе трае!
Бидејќи секој има различни емоционални потреби, она што човекот го смета за здрава врска може да варира. Но, терапевтката Морган Помелс открива еден сигурен и јасен знак за успешна и здрава врска.
Здравата и среќна врска се заснова на меѓусебно почитување, поддршка и отворена комуникација. Партнерите треба да се чувствуваат безбедно и да се поддржуваат едни со други. Исто така, важно е да уживаат во заедничките активности и да поминуваат квалитетно време заедно.
Меѓутоа, освен тоа, постојат и други показатели за здрава врска. Терапевтката Морган Помелс издвои еден за кој смета дека е главен и најсилен знак за успешна и здрава врска.
„Најдобар показател што ми кажува дека парот може да биде во долготрајна врска е нивната подготвеност да се соочи со болката и стравот директно, без враќање на старите приказни вкоренети во траумата од детството. Таа способност да запре, да земе длабок здив и да каже „Ова боли, но јас ќе останам присутна“ е она што ги дели паровите кои растат заедно од оние кои остануваат заробени во циклуси на вина, проекција и огорченост“, објасни таа во неодамнешната објава на Инстаграм.
Додава дека здравата љубов по траумата од детството бара одредени работи да ги правиме поинаку.
„Тоа бара од вас да седите во непријатност, да ја забележите потребата да одговорите и да одберете да останете присутни. Ве замолува да не ги гледате вашите партнери како емоционално незрели родители кои повторно ве изневеруваат. Ве замолува да истражувате други опции освен приказните кои веќе си ги создал“, посочува Помелс.
„Но, тоа не е лесно. На почетокот ќе изгледа речиси невозможно. Сепак, секогаш кога го правиме тоа, развиваме вештина која ќе ни служи цел живот", тврди терапевтката.
„Затоа првата вештина што ја учам на секој пар е толеранција на стрес. Тоа е основата. Без неа останувате заробени, во старите обрасци. Напротив, нејзиното усвојувањето ви овозможува вистински напредок“, заклучува Помелс.
Фото: Freepik.comИзвор: Zena.blic.rs