Раде Шербеџија концертот во Скопје го посвети на студентите кои протестираат во Нови Сад, но запеа и за Фросина

Добивај вести на Viber

На прагот на 9-тата деценија од животот, 78- годишниот актер Раде Шербеџија не запира. Викендов, односно во саботата во полна сала одржа концерт во Националната Филхармонија. 

Актерот кој има светска слава се наврати на неговите блиски соработници и пријатели кои не се повеќе меѓу живите, но и даде поддршка на студентите во Нови Сад и ѝ посвети песна на прерано загинатата млада дизајнерка Фросина. 

Песната „Елено ќерко“ хрватскиот актер ја отпеа во дует со актерката Јана Стојановска. 

Актерката е редовна гостинка на неговите концерти во Скопје. 

Шербеџија понесен од атмосферата се „пушти“ меѓу публиката. 

Погледнете дел до атмосферата преку нашата фотогалерија: 

Фото: Вангел Тануровски