РАДОСТИ, СМЕА И СОЛЗИ: Весна Ѓиновска Илкова слави јубилеј од бракот

Добивај вести на Viber

Оперската дива Весна Ѓиновска-Илкова, прослави 20 години брак со сопругот, Љубомир Илков, кој е машински инжињер. Весна и Љубомир имаат два сина, Ведран и Борјан. 

„ Годините поминаа додека трепнам. Многу радости, смеа,солзи. Сѐ што го чини еден нормален животен процес. Најбитно од сѐ е што има љубов, поддршка и разбирање. Имаме поминато многу нешта заедно, и ќе поминуваме уште многу. Нашите синови Ведран и Борјан веќе се на половина пат од своето образование. И тие треба да станат интегриран дел од нашето општество. За тоа треба многу кажани зборови, добронамерни совети и давање на правец по кој би чекореле“, ни изјави Весна. Таа додава дека таа и сопругот, како партнери и родители имаат исти ставови и цели. 

„ Ги кажуваме на различен начин, но исто мислиме. Животот е пред нас.“, раскажа Весна. На 10 октомври, Весна ќе има настап во Москва, Русија на настан наречен „Од Македонија, со љубов“. (М.Џ.)