Рамен стомак и по пет пораѓања: Поранешната слатка Беверли девојка се „исуши“, но што не е во ред со нејзиното лице? (ФОТО)
Тори Спелинг изгледа сосема поинаку откако ослабе многу, а призна дека ослабела со таблети за слабеење
Актерката Тори Спелинг (51), ѕвездата на хит серијата „Беверли Хилс“, додека се дружеше со обожавателите во хотел, привлече големо внимание со својот физички изглед, а многумина се согласија дека изгледа непрепознатливо.
Беше лежерно облечена и гордо го покажа рамниот стомак и витката фигура во фармерки и кратка маичка, а веќе на прв поглед се забележуваше дека многу ослабела. Сепак, иако сега има младешка линија, многумина беа загрижени за изгледот на нејзиното лице, кое е забележливо поразлично во однос на последниот период.
Актерката отворено проговори за слабеењето и призна дека користела лекови за слабеење по петтото раѓање, кога го родила синот.
Најпопуларниот лек за слабеење, кој е широко распространет низ целиот свет и го пробале многу јавни личности, не ѝ помогнал, но не се откажала, па пробала друг, кој дал резултати.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot