,

RANGE ROVER VELAR ПРОГЛАСЕН ЗА НАЈУБАВ АВТОМОБИЛ НА СВЕТОТ

Добивај вести на Viber

·  Range Rover Velarе прогласен за World Car Design of the Year  како дел од наградите „2018 World Car Awards

·  Добитникот беше објавен на Меѓународниот саем за автомобили во Њујорк

·  VELAR претставува уникатна комбинација на одличен дизајн и инженерски интегритет

·  Ја презема титулата од „Jaguar F-PACE кој наградата ја освои минатата година

Скопје, 30 март 2018 – Range Rover Velar е прогласен за најубав автомобил на светот и ја освои титулата „The World Car Design Of The Year“ како дел од наградите  „The 2018 World Car Awards“.

Velar нуди уникатна комбинација на одличен дизајн и инженерски интегритет, внесувајќи гламур, модерност и елеганција во семејството Range Rover.

Range Rover Velar е извонреден, супериорен SUV. Исклучителна модерност, привлечен дизајн, иновативна технологија за информации и забава Touch Pro Duo и јасен фокус на одржливост - каква комбинација. Овој производ зборува сам за себе.изјави извршниот директор на Jaguar Land Rover, Проф. Др. Ралф Спет.

После F-TYPE,Evoquе иF-PACЕ,сега и Range Rover Velar ја добива наградата за „The World Car Of The Year Design. Ова значи многу за нас. Се чувствувам многу горд и почестен и сакам да им се заблагодарам на сите членови на жирито за нивната доверба и за поддршката во поттикнувањето на тимот на Land Rover за да продолжат на нивниот уникатен пат.

Исто така сакам да им се заблагодарам на нашиот Velar тим за нивната страст и посветеностсо кои ги поместија границите и дојдоа до извонредни решенија.”

Револуционерниот дизајн на Range Rover Velar има совршени оптимизирани пропорции и неверојатна силуета. Неговите супер-тенки Matrix Laser-LED предни светла, рамните кваки на вратите и елеганцијата на Touch Pro Duo, се карактеристики за филозофијата на редукционистички дизајн на Range Rover.

"Континуираната еволуција на нашата филозофија за дизајнот е поттикната од неуморниот фокус на создавање на многу посакувани возила коишто нашите клиенти ќе ги сакаат доживотно. Range Rover Velar носи нова димензија на модерност за семејството Range Rover, со изобилство на иновативни технологии, кои создаваат одлично чуство додека го возите ова возило. - изјави главниот директор за дизајн на Jaguar Land Rover, Гери Мек Говерн.


Чест ни е што жирито ги препозна напорите на нашите дизајнери и инженери да испорачаат возило со неодолив дизајн, технологија по мерка и релевантни иновации кои се здружуваат за да создадат веднаш посакувано возило ".

Луксузниот SUV ги совлада Volvo XC60 и Lexus LC 500 за да ја освои наградата за „The World Car Design“, како што беше изгласано од жирито на „The World Car Awards“, составено од 82 влијателни новинари од 24 земји во светот.

Успехот на Velar ја следи двојната победа во 2017 година на Jaguar F-PACE. Лансиран минатата година и именуван по оригиналниот концепт на Range Rover од крајот на 1960-тите, Velar го исполнува просторот помеѓу Range Rover Evoque и Range Rover Sport.

Mоделот e достапен со избор од шест мотори, почнувајќи од чистиот и респонсивен 2.0 литарски Ingenium дизел со 180 КС се до моќниот  3.0-литарски V6 бензински мотор со 380 КС.

Дизајниран и произведен во Велика Британија, Velar ја испорачува практичноста, поврзаноста и способноста што се очекува од семејството Range Rover. Со најновата технологија и вклучување на поодржливи материјали, овој луксузен SUV е дизајниран да оди Above and Beyond.

За повеќе информации дознајте на: https://macedonia.landrover.com/