Раскошна елеганција која ѝ прилега: Летиција во досега најгламурозното издание достојно за една кралица (ФОТО)
Шпанската кралска двојка на гала вечера во Кралската палата во Мадрид го угости емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани и неговата сопруга Џавахер, а сите се одлучија за раскошни, исклучително елегантни изданија.
Кралицата Летиција одамна не сме ја виделе во вакво гламурозно и впечатливо издание, но како што е случајот со секојдневните, деловни можности, така и овој пат остави без коментар.
Убавата Шпанка блесна во празничната, елегантна креација на аргентинскиот дизајнер Габриел Лајо, која ја нагласи нејзината вретеновидна фигура, но и ја истакна женственоста.
Овој прекрасен фустан доаѓа во боја на шампањ, има мал шлеп и е покриен со голема тантела, а украсен е со драматични ракави во форма на ѕвонче.
Летиција го комплетираше изданието со дијамантски обетки и елегантна, интересна пунџа, што придонесе за врвен глам ефект.
Што велите за ова модно издание на Кралицата?
Фото: Screenshoot Instagram
Ги покажа стомачните: Кралицата Летиција во ризичен фустан, каков што ниту една друга кралица не би се осмелила да носи (ФОТО)Кралицата Летиција се сретна со жена во потполно идентичен фустан: Го сокрива вишокот килограми (ФОТО)