Раскошна празнична декорација: Познатата водителка Наташа Павловиќ го покажа и својот неодолив син
Елката на Наташа Павловиќ е прекрасно украсена
Еуфоријата околу новогодишните празници е во полн ек, а познатите личности веќе почнаа да ги украсуваат своите домови.
Меѓу првите тоа го направи познатата водителка од емисијата „Практична жена“, а Наташа Павловиќ ги воодушеви корисниците на социјалната мрежа Инстаграм.
Годинава нејзината елка е украсена со црвени и златни украси, додека на има Снешко, ирваси и новогодишни подароци.
- Нека свети, и треба да свети. Ладен ден како создаден за бришење на носот, украсување на елката и барање ѕвезди – изјави во свој стил.
Сепак, веруваме дека елката на Наташа Павловиќ не би била толку убава доколку познатата водителка не ја имаше помошта од својот пресладок син.
Освен убавата елка, можевме да забележиме дека Наташа со многу љубов и стил го украси домот, а на многумина им паднаа во око и уникатните парчиња мебел.
За потсетување, Наташа Павловиќ речиси две децении ужива во хармоничен брак со сопругот Предраг, а круна на нивната голема љубов се синовите Олег и Јан.
Извор: gloria.rs