Расте малата Ниа: Иван од Либеро бенд позира со двете најважни жени во неговиот живот ФОТО

Добивај вести на Viber

Најсилната врска е семејната врска. Да, токму таа девиза води многу семејства низ животот, а така треба и да биде.

Дека семејството му е сѐ на човек, вели и познатиот пејач од Либеро Бенд, Иван Јованов.

Токму со последната споделена фотографија на социјалните мрежи тој го документира тоа.

Објави како во негови прегратки уживаат двете најбитни дами во неговиот живот, сопругата Ивана и ќерката Ниа.


Малата Ниа полека расте, таа на 27 август ќе полни 5 месеци.

Сепак Иван вели дека раѓањето на Ниа и тоа што тој стана татко, воопшто не го променило, само што сега тој е многу посреќен човек.

Во една прилика за нашиот магазин, Иван се пофали дека е одличен татко и дека знае да прави се она што го прават мајките. Менува пелени, ја пресоблекува, заспива и ја бања Ниа. Иван се сложува околу констатацијата дека родителството е заемна љубов и грижа за детето. Обврските не се делат на машки и женски.

„Менувам пелени, ја пресоблекувам, заспивам и ја бањам ќерката“: Иван Јованов за улогата на татко


ФОТО: Инстаграм