Моден фокус // Трендови
Разгледница од Охрид: Наташа Малинкова се разголи, позира обвиткана во чаршаф
Пејачката Наташа Малинкова во моментов ужива на летен одмор во Охрид.
Таа често објавува фотографии на Инстаграм, уживајќи покрај езеро, притоа изгледа неверојатно фит во едноставен црн костим за капење, и покрај раѓањето на две ќерки.
Денес пејачката, неочекувано изненади со фотографии на кои покажа малку „повеќе кожа“, во секси - заводливо издание.
Наташа се фотографираше на тераса, обвиткана само во чаршаф, гледајќи во далечината со поглед од милион долари.
Разгледница од Охрид, напиша таа.
И навистина е како од разгледница.Инаку Наташа е веќе 18 години во брак со сопругот Кире, а за Женски магазин неодамна сподели како секогаш наздравуваат со иста мисла, колку бргу им лета времето и затоа максимално уживаат во заедничките моменти