Разликата од 20 години за нив е само незначителен број: Раде Шербеџија и неговата Ленка блескаа на црвениот килим ФОТО
Насловно фото: Вангел Тануровски
Кога ја започнаа својата романса, многумина се сомневаа во нивната љубов, но покажаа дека годините се само бројка
Актерот Рада Шербеџија и неговата сопруга Ленка Удовички синоќа се појавија на црвениот тепих на отворањето на Сината сала во Сава центарот во Белград.
Двајцата им позираа рака под рака на насобраните фотографи и сега е јасно - нивната љубов е посилна од какви било убедувања и озборувања зад сцена.
Одамна се запознале, одолеале на времето, ја зачувале љубовта и почитта и покажале дека вистинската љубов е посилна од се.
Раде и Ленка се запознале во 1990 година во Суботица и уште од првиот поглед знаеле дека се родени еден за друг. Долгогодишната љубов ја крунисаа со три ќерки Нина, Вања и Милица.
ФОТО: Инстаграм официјален профил Сава ЦентарЉубовта кон уметноста ги спои Раде Шербеџија и Ленка Удовички, а нивната приказна ја одбележа и анегдота која сакаат да ја раскажуваат.
- Се запознавме во 1990 година во Суботица. Тој дојде да работи на „Кралот Едип“ на тамошниот фестивал. Само што ја завршив академијата и дојдов да направам мала претстава. Работев со неговите ученици од Новосадската академија. Еден ден се сретнавме во салата на театарот. Имав проблем со еден од неговите студенти и сакав да разговарам со него за тоа. Тој имаше 43, а јас 23. Тоа беше втор брак за татко ми и мајка ми, а татко ми беше 18 години постар од мајка ми. Воопшто не беше невообичаено да се заљубам како млада во маж кој е 20 години постар од мене – изјавила Ленка претходно за „Јутарњи лист“.
Од тој настан поминаа децении, а Ленка и Раде останаа како едно. Меѓусебната поддршка и љубов ги натераа да се поврзат на подлабоко ниво и да градат успешни кариери и да создадат примерно семејство.