РЕХАУ оваа година ќе им овозможи дигитален саем на своите клиенти

Добивај вести на Viber

Имајќи ја предвид тековната состојба со вирусот Корона, непредвидливиот понатамошен развој и откажувањето на најголемиот светски саем за иновации во делот на прозорци, врати и фасади,  Фенстербау Фронтале 2020, РЕХАУ наскоро на своите клиенти ќе им овозможи виртуелен саем, со цел да ги покаже најновите иновации во делот на прозорските решенија.

Направи разлика, развивај го бизнисот

Заради новонастанатата криза која ја одбележува 2020 година ширум целиот свет, како и одложување на учеството на саемот за прозорски решенија во Нирнберг, Германија, РЕХАУ наоѓа начин како да ги претстави своите иновации во делот на прозорските решенија за 2020 година. Направен е виртуелен саем, на кој посетителите ќе имаат можност самостојно да ги погледнат содржините на саемот или пак да добијат и дополнителни објаснувања на заедничка тура со лице од РЕХАУ Скопје продажно одделение, кое ќе даде детални информации и ќе одговори на сите прашања.


Револуционерни иновации

Во согласност со слоганот “Направи разлика, развивај го бизнисот”, РЕХАУ создаде револуционерни иновации во рамките, а и надвор од дивизијата за прозорски решенија, кои обезбедуваат додадена вредност и корист за своите купувачи и партнери. Во рамките на иновациите РЕХАУ дава одговори на многу предизвици кои влијаат на индустријата, како што се: паметна технологија, постојано вложување во потребни вештини и дигитализација. Освен тоа РЕХАУ ја проширува својата палета на производи со паметни решенија кои ги надминуваат прозорските системи и профили и со тоа цврсто се етаблира како добавувач на комплетни решенија. “Ние даваме огромна вредност бидејќи нудиме многу повеќе од само производни компоненти. Имаме совршено компатибилни комплетни системи сите од едно место, што значи дека нашите купувачи не мора за се грижат за местата на набавка”, изјавува Карстен Хоиер, директор на дивизијата за прозорски решенија во РЕХАУ и член на управниот одбор. “Оваа филозофија се простира на се што работиме, од производи, услуги, па се до нашата одржливост.” Добар пример за овој пристап се новиот СИНЕГО СЛЈАД (SYNEGO SLIDE), систем кој претставува иновативно решение за производство на лизгачки елементи, а сега пак нуди и дополнително безбедносно решение балагодарение на новата генерација РЕХАУ Смарт Гард (REHAU Smart Guard)”. “Едноставните прозори ги поврзуваме со паметни додатоци, паметни решенија, дигитални сервиси и одржливи материјали и на тој начин заедно со нашите партнери создаваме додадена вредност, што за возврат им овозможува да влезат во нови полиња на бизнисот,”нагласува Карстен Хоиер.

Софистицирани системи и додатоци

РЕХАУ на своите купувачи им дава сигурни, тестирани и проверени системи со вклучени продажни појаснувања и аргументи. Одличен пример за софистицирани решенија се “ГЕНЕО систем на профили направени од материјалот “РАУ-ФИПРО ИКС”, со чија помош сега има можност да се реализираат исклучително големи прозорски елементи, не загрозувајќи ја притоа енергетската ефикасност и не доведовајќи ги во опасност од деформација. Друг пример е “СИНЕГО”, систем на профили кој сега е збогатен со економичниот систем за лизгачки елементи под името “СИНЕГО СЛАЈД”. РЕХАУ секогаш се стреми да понуди целосни системски решенија. Како резултат на тоа, компанијата својата палета на производи ја проширува со низа на прилагодени дополнителни системи како што се: оградата за француски балкони СКАЈ ФОРС (SKYFORCE), нови прозорски рачки ЛИНЕА (LINEA) како и паметно прилагодливи решенија за лизгачки и елементи на склопување.


Паметни решенија

РЕХАУ користи врвна паметна технологија со цел да помогне на своите купувачи да достигнат нов раст на пазарот, проширувајќи сет на функции кои ги имаат прозорците и овозможувајќи нови продажни аргументи, кои навистина ќе ги издвојат од конкуренцијата. „Ние имаме софистицирани, веднаш достапни и применливи решенија, кои на нашите купувачи ќе им овозможат полесен влез на пазарот на паметни куќи, почнувајќи од самостојни решенија па се до нивна интеграција во комплетни системи“, изјави Карстен Хоиер. Покрај надградениот “РЕХАУ Смарт Гард”, ова опфаќа и интелигентни решенија за проветрување, како и решенија за приватност и безбедност (“REHAU Privacy” и “REHAU Shading”). Конструиран во многу покомпактен облик и преполн со нови функции, новиот “Смарт Гард 2” сега е достапен за сите прозорски системи и сите начини на отварање.

Иновации во процесот на монтажа

РЕХАУ во иста мера се занимава и со процесот на дигитализација, пружајќи на своите купувачи нови услуги кои можат да ги помогнат и оптимирзираат нивните процеси. Овој процес започнува со привлекување на нови клиенти, планирање и вградување, па се до сервис по продажбата. РЕХАУ Конект (REHAU Connect), Џаст Смарт (Just Smart) и Видовс ИД (Window ID) се нашите три издвоени производи во овој домен. „Како пионери и иновароти користиме “REHAU Just Smart” заради откривање на потполно нов начин на вградување на прозорци и врати кој ќе го надмине растечкиот недостаток на стручни лица за монтажа, а со тоа и подобрување на стандардите за квалитет при вградување на прозорите“, објаснува Карстен Хоиер. На овој начин на нашите партнери им овозможуваме да заштедат на персонал во текот на монтажата, што ќе им ослободи време за додатни нарачки и ќе овозможи уште една јасна конкурентска предност.

Пример за оптимално користење на ресурсите

Одговорното однесување кон луѓето и планетата е работа која станува се поважна и позначајна. Во рамките на дивизијата прозорски решенија РЕХАУ ги воспостави своите процеси во производството и набавките, да бидат одржливи, и е предводник на овој пристап во својот сектор. Тој успех не доаѓа туку така: РЕХАУ ги собира остатоците од исечените профили уште од 1988 година, и ги враќа во производството. Последните години количината на профилите кои содржат рециклиран материјал е порасната од 25% на 40% од 2014. година, а се очекува таа бројка во следните години да достигне и до 50%. „Нашата затворена кружна економија значи дека на своите купувачи им даваме аргументи да ја вклучат оваа важна тема во нивните основни работни активности и дискусии во продажбата“, нагласува Карстен Хоиер.

РЕХАУ ја исполнува својата одговорност кон луѓето и животната средина, нудејќи одржливи прозорски системи кои имаат интегриран рециклиран материјал така што во нив може да уживаат генерациите кои доаѓаат. Одржливите прозорски профили кои се продаваат со новата ознака РЕХАУ ЕкоПлус (REHAU EcoPuls) заштедуваат големи количини на CO2 во текот на производството во споредба со традиционалните, бидејќи рециклираните материјали генерираат 88% помала емисија на CO2. Тоа овозможува заштеда на 97.000 тона CO2 годишно и одговара на заштеда која би можела да ја постигне шума од околу 7.800.000 стебла.

Ексклузивна информација

РЕХАУ наскоро ќе го лансира својот дигитален саем на линкот https://www.rehau.com/sites-mk/fensterbau-2020 со цел да овозможи на своите клиенти и сите заинтересирани детално да ги запознаат иновациите за 2020. Посетителите на дигиталниот саем ќе имаат можност самостојно да ги погледнат содржините на саемот или пак да добијат и дополнителни објаснувања на заедничка тура со лице од РЕХАУ Скопје продажно одделение, кое ќе даде детални информации и ќе одговори на сите прашања.

Платформата постојано ќе биде дополнувана и ажурирана.

РЕХАУ групацијата е експерт за полимери кој прави годишен промет од повеќе од 3,5 милијарди Евра. Таа е независна и стабилна, фамилијарна компанија. РЕХАУ брои повеќе од  20.000 вработени кои активно работат на повеќе од 170 локации ширум целиот свет. Во Европа РЕХАУ брои околу 12.000 вработени, од кои само 8.000 во Германија. Во Македонија РЕХАУ брои 16 вработени од каде што се опслужуваат пазарите во Македонија, Косово и Албанија. Веќе 70 години РЕХАУ создава се полесни, поудобни, посигурни и поефикасни вештачки производи и ги испорачува низ целиот свет.