Ретка фотка од синот на Дорис Драговиќ ги воодушеви жените: Копија на мајка си, неговиот изглед остава без здив (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Борна Будимир, син на Дорис Драговиќ, има 32 години и воопшто не се интересира за јавна работа, но на мајка си ѝ дава безгранична поддршка во сè што прави

Сопственичката на еден од најубавите гласови на нашите простори, Дорис Драговиќ, на јавната сцена е веќе четири децении, обидувајќи се да ја задржи приватноста само за себе. Меѓутоа, сега реши да направи исклучок, па објави стара слика со синот Борна и сопругот Мариo Будимир.

View this post on Instagram

A post shared by Dorotea Budimir (@dorisdragovic.official)


Како двегодишно момче, Борна се појави во спотот на неговата мајка за песната „Дајем ти срце“. Денеска има 32 години и дипломирал на Филозофскиот факултет во Сплит. Не се занимава со јавна работа, а многу ретко се појавува на малите екрани.

Сепак, пред неколку години на „YouTube“ се појави клип во кој Борна зборува за филозофијата на филмското платно. Тогаш имавме можност да видиме дека синот на пејачката пораснал во многу убав и шармантен човек кој е посветен на работата и работи на себе, а не го интересира центарот на вниманието.


Во 1986-та година, кога ја започна својата самостојна професионална кариера, убавата Дорис Драговиќ ја претставуваше Југославија со песната „Жељо моја“ на Евровизија во Норвешка и го зазеде 11-тото место. Оваа песна стана евергрин што го слушаат сите генерации, а потоа таа продолжи да реди хитови.

Сепак, малкумина знаат дека вистинското име на Дорис е Доротеа и дека Драгојевиќ не ѝ е презиме повеќе од три децении, бидејќи е во брак со поранешниот ватерполист Марио Будимир. Иако пејачката ја поврзуваа со бројни мажи, оваа хармонична брачна двојка со години ја негува нивната љубов, која ја круниса нивниот син Борна.

Својот сопруг го запознала во 1989-та година, кога таа беше водечка пејачка, а тој млад и перспективен ватерполист. Тие се заљубиле на прв поглед, а се венчале веќе следната година во Сплит, а на свадбата имале повеќе од 130 гости.


Од друга страна, многу се пишуваше за нејзиниот љубовен живот пред бракот. Се шпекулираше дека е во врска со Здравко Чолиќ, како и дека Жељко Ражнатовиќ Аркан фатално се заљубил во неа.

View this post on Instagram

A post shared by Dorotea Budimir (@dorisdragovic.official)


Иако пејачката својот приватен живот најмногу го држи подалеку од очите на јавноста, во една прилика истакна дека нејзиниот сопруг ѝ е голема поддршка.

- Мојот сопруг е мојот ветер во мојот грб. Секогаш ми е советник, има единствена интуиција и неизмерна љубов. Тој е авторитет во мојот живот токму затоа што, покрај бескрајната љубов, ми дава пријателство, совети и сила. Верувам дека тоа се волшебните состојки на секој брак кој сака да трае – заклучила Дорис.

Извор: stil.kurir.rs