Ретки фотографии: Приватната страна на детството на принцезата Дајана
Досега невидени фотографии ја покажуваат приватна страна на детството на принцезата Дајана.
Пред да биде Дајана - принцезата од Велс, таа беше Лејди Дијана Франсис Спенсер, родена во благородничко семејство. Кога беше мала, нејзината мајка Франсис го остави нејзиниот татко, за друг маж. После тоа таа живееше претежно со нејзиниот татко, иако очигледно тој ја оставил на грижа на дадилките и училиштата - пишува Тина Браун во предговорот на новата книга „Сеќавање за Дајана: Живот низ фотографии“, која опфаќа повеќе од 100 слики од животот на Дајана, од семејни фотографии од посреќни времиња во детството до кралскиот свет. Севкупно, овие слики ја покажуваат хуманоста на девојчето кое ќе стане Народна принцеза.
извор на:harpersbazaar/pinterest
фото:Getty Images
Погледнете ја Дајана пред таа да биде принцезата Дајана: