Ријана конечно го откри името на своето дете: Многу е чудно, и има дури три имиња

Добивај вести на Viber

Ријана на прес-конференција пред Суперболот изјави дека откако станала мајка чувствува дека може да го „преземе светот“ и „да направи се“.

Името на синот на Ријана и ASAP Роки е откриено речиси една година по неговото раѓање.

Имено, Дејли Мејл дошол до копија од изводот на родените на машкото бебе, во кој пишува дека парот му го дал името RZA Atleston Myers.

Ријана и раперот АСАП Роки, чие полно име е Раким Атлестон Мајерс, очигледно го именуваа својот син во чест на музичкиот продуцент и рапер RZA, фронтмен на њујоршката хип-хоп група Ву-Танг Клан. По породувањето, пејачката неколку пати беше фотографирана во облека со името на тој бенд, а познато е дека нејзиниот партнер соработувал со член на групата Раеквон.

Инаку, Ријана во февруари за време на настапот на Супер Боул откри дека е бремена по втор пат. Таа го покажа трудничкиот стомак во црвен комбинезон припиен до кожата. Нејзиниот менаџер ја потврди добрата вест.

Пејачката добро го крие приватниот живот и успеа да ја сокрие бременоста од соработниците.

- Дури и некои членови на тимот на Ријана не знаеја. Сето тоа е врвна тајна, од деталите за нејзиното полувреме до она што е следно, вели изворот.

Ријана на прес-конференција пред Супер Боул рече дека откако станала мајка, се чувствува како да може да го „преземе светот“ и „да направи се“.

Да потсетиме дека пејачката и ASAP Роки се заедно од крајот на 2020 година, а пред да започнат врска, тие беа долгогодишни пријатели и тој беше дел од нејзината турнеја Diamond во 2013 година.