Познатата Рита Морно за јубилејното 90то издание на Оскарите облече фустан кој го носеше во 1962 година, кога освои награда за филмот „Приказна од западната страна“, во категоријата за најдобра споредна улога.
„Човек ќе помисли дека фустанот ќе се уништи и ќе изгуби боја, но сите овие години го чував во гардероберот, изјави ла Рита. Таа се потсетила кога во 1962 година го носела истиот фустан и кажала дека држела говор само 15 секунди.
„Никогаш не помислив дека ќе победам. Мислев дека наградата ќе ја добие Џуди Гарланд. Во секој случај пристигнав од Филипините, каде што беше изработен фустанот“, изјавила Морено.