Ризикувај во љубовта за добиеш повеќе
Животот е ризик. Без разлика дали се работи за образование, работа, факт е дека секогаш постојат опции. Така е и во љубовта. Ова се пет работи во кои би требало да се ризикува. Кој не ризикува, не профитира!
- Ризик дека ќе бидеш повредена: Секоја успешна
- Ризик да бидеш повредена пред да почне врската: Ти си control freak, никогаш ништо не пушташ да оди спонтано? Но кога вистинската љубов е во прашање, попушти малку конци! Љубовта има неверојатна моќ, но и терапевтско влијание на телото и душата.
- Ризик да ги запознаеме и неговите лоши страни: Кога е во прашање вистинската љубов, ние се обидуваме да ги покажеме нашите најдобри страни. Но, во некој момент филтрите попуштат. И ние сме луѓе! Го покажуваме вистинското јас, нашите предности и маани, но и нашите страни кои се неправедни и иритантни. Сепак, постои нешто прекрасно во љубовта: не сакаме некој зошто е: прекрасен, убав, послушен…туку поради повеќе нешта.
- Ризик дека ќе се разделите: Во љубовта сѐ е ризик, некогаш може да се успее, а некогаш баш и не. Кога таквата ситуација се случи, двајцата тешко ќе задржите ладна глава. Но, ако сте разумни и сфаќате дека е време да излезете од врската која веќе не е добра, едноставно се разделувате. Можеби звучи грубо, но факт е дека е обидовте. А тоа што не одело, не сте вие виновни…Таков е животот.
- Ризик дека туѓата среќа ја ставаш пред својата: Ајде на момент да ги симнеме тие розеви наочари, за голема љубов е потребен компромис. Не си повеќе сама на себе главна, мора на некои работи да се приспособиш, па така и на неговите желби. Но, не премногу, не би смеела во целата таа љубовна приказна да се изгубиш – себе. Тој ќе знае дека ја има твојата поддршка, но не целосно. Одете кон добра цел за да станете „power couple“!