Родена со само 800 грама, сега го прослави својот втор роденден: Малата и слатка хероина Марлис

Добивај вести на Viber

Од болницата „Аџибадем Систина“ објавија уште една успешна приказна која ги полни срцата со радост. Имено Марлис која сега го прослави својот втор роденден, е предвремено родено бебе во 27-ма гестациска недела и со само 800 грама. Благодарение на тимот доктори и сестри од неонатална интензивна нега во болницата, таа после 62 недели среќна си заминала дома.

View this post on Instagram

A post shared by Acibadem Sistina Hospital (@acibademsistina)


„Малата и слатка Марлис, родена со само 800 грама, го прослави својот 2. роденден. Ова мало бебе се роди во 27. гестациска недела и помина 62 дена во неонатална интензивна нега. Нејзините родители велат дека вечно ќе им бидат благодарни на најпрофесионалниот д-р Александар Бојаџиев, на д-р Антони Христовски и на најпосветените медицински сестри од NICU.