РОДЕНДЕНСКО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ДИМИТАР АНДОНОВСКИ: Ништо освен семејството не ми треба

Добивај вести на Viber

Сопругата и синот го изненадија поп-пејачот Димитар Андоновски, за неговиот 33. роденден. 

„Вака ме пречекаа дома после работа. Велат дека 33 години се годините на Господ Исус Христос па затоа му благодарам на Бога што сум здрав и жив и најсреќен помеѓу моето семејство и моите најблиски. Друго и ништо не ми треба“, вели Димитар кој објaви семејна славеничка слика со сопругата Христина и со синот Михаил. 

Пејачот, кој е вокал на групата „Тајфата и Димитар“ со семејството живее во Битола. Неодамна тој се вработи во „Жито лукс“, во одделот комерција и набљудување на дистрибуерите и дистрибуцијата за западниот регион. 

Димитар со сопругата Христина и со синот Михаил

„Се вработив за да ја обезбедам иднината на моето семејство. Со музиката тоа никој не може да ми го гарантира“, изјави Димитар. Со настапите со бендот и музичките активности, тој е ангажиран за викендите. Пред неколку години беше сопственик на кафуле во Битола.

„ Среќен сум што ја имам Христина за жена затоа што во денешното модерно време кога сите вредности се изгубени реткост е, но и и дар од Бога да имаш вистински човек покрај себе. Му Благодарам на Бога што ни го подари најпрекрасниот син на светов. Михаил ми го промени комплетно животот, се чуствувам исполнет, среќен и сфатив дека ништо друго на светот не е поблагословено и повредно од семејството. Христина е многу посветена мајка и навистина покрај бројните обврски кои што ги има околу детето, скоро дипломира на Филозофскиот факултет како историчар со највисок просек. Едноставно се гордеам со неа“, раскажа Андоновски за својата сопруга. (М.Џ.)