Родени на ист ден, имаат ќерки со исто име: Шенка Колозова и Светлана Бојковиќ како да се близначки

Добивај вести на Viber

Шенка Колозова или царицата, онаа која цел живот му беше морална подршка на царот, жената која не научи на мудрост, добрина и правдина преку нејзините сценарија, а потоа и преку глумата во истите (приказните), вчера наполни 76 години живот!

На Фејсбук страницата посветена на великанот Ѓорѓи Колозов се најде една интересна приказна за големата сличност на Шенка и српската актерка Светлана Бојковиќ.

„Шенка и нејзината двојничка, колешка од Србија, актерката Светлана Бојковиќ!

Не, не се близначки! Едната е Македонка, а другата Србинка.

Покрај тоа што неизмерно си личат, и двете се актерки и двете уживаат популарност во своите земји.

И двете имаат ќерка со исто име, Катарина.

И на двете ќерките се родени на ист датум во ист месец.

И двете се мажени за актери и двајцата заминуваат од овој свет прерано.

Одреден период во младоста Шенка живее во Куманово, исто така и Светлана по потекло по таткова страна е од Куманово

Тука сличностите не запираат, Шенка и Светлана се родени во иста година и двете имаат по 75 години.

Многу пати на Шенка и се случувало да и кажат, денес те гледавме во Бољи живот или Зона Замфирова незнаејќи дека ја гледале нејзината колешка Светлана Бојковиќ.

Случајно или не тоа се сите сличности помеѓу овие две големи актерки!

П.с сите имаме по еден двојник на планетава“ - пишува на фотографиите за кои сигурно би се збуниле која е која.




*Царицата на приказните била вистинска убавица во младоста: Погледнете ја Шенка на 38 години