,

Родив потполно здраво девојче, а неколку недели подоцна следеше шок: Го забележавме нејзиното грчење, а потоа откривме што се крие зад тоа

„Родив совршено здраво девојче тешко 2,3 кг, а потоа пристигна страшната вест“

Лора Дерден (28) вели дека првите 18 месеци по раѓањето на ќерка по име Савана биле вистински „пеколен ролеркостер“.

Имено, иако беше навидум потполно здрава, одеднаш следеше лекарска дијагноза дека девојчето веројатно никогаш нема да оди.
- Забележавме дека чудно се грчеше. Овие грчеви се покажаа како симптом на ретко нарушување на мозокот, кое го откривме само неколку месеци по нејзиното раѓање. Официјалната дијагноза е лисенцефалија, и како резултат на тоа, многу деца кои ја имаат не го доживуваат својот 10-ти роденден - вели Лора.

Прогнозата не беше воопшто оптимистичка - лекарите им рекоа дека девојчето најверојатно никогаш нема да зборува и дека е многу подложна на инфекции.

- Тие исто така рекоа дека во одреден момент ќе мора да јаде на цевка. Не знаеме колку време имаме со неа и каков ќе биде текот на болеста - рекла Лора.
Сепак, девојчето, и покрај сите прогнози, ги направи првите чекори деновиве, на изненадување на сите.

- Таа е неверојатна, среќна, силна девојка и сè уште е постојано весела и насмеана. Ретко плаче. Се надевам дека ќе продолжи да биде весела. Не знаеме што ќе се случи понатаму, но се обидуваме да се фокусираме само на убави и весели моменти со неа - вели Лора.

извор:zena.blic.rs