Романката Рукси му го освои срцето на Симон Антиќ: Се запознале додека била стујардеса, ја запросил на Козајк
Животот секогаш ги пишува најубавите љубовни приказни ако доволно верувате во судбината. Зошто судбина? Па, затоа што некои ситуации се случуваат кога најмалку очекувате или кога воопшто не мислите дека би можеле да ја сретнете љубовта на вашиот живот. Токму таква е приказната за младата двојка за која ќе пишуваме денес.
Симон Антиќ кој важи за еден од најзгодните скопски фраери и Романката Рукси имаат навистина интересна љубовна приказна.
Специјално за Женски магазин, Рукси се согласи да ни раскаже како се запознале, но ни откри и некои детали од нејзиниот живот, со што се занимава и што ја исолнува како личност.
„Јас сум од Романија. Земја која на некој начин е потценета овде, а која навистина вреди да се посети. Ако сакате да пливате, таму е Црното море или ако сакате пешачење, има многу големи планини на кои можете да се искачите. Неделава наполнив 27 години. Горда девица, родена во истиот час кога почина Лејди Дијана“ - ни раскажа на самиот старт од денешното интервју оваа шармантна русокоса .
Со Симон се запознале додека Рукси работела како стјуардеса.
„Го запознав мојот сопруг во Будимпешта, додека работев како стјуардеса. Летавме напред-назад меѓу двете земји за да се гледаме некое време. Се изморивме од тоа и сфативме дека треба да донесеме одлука за нашата иднина. Тоа беше моментот кога тој ме запроси. Многу интимен чин кој го сакавме и двајцата, во Козијак. Две години од мојот живот поминаа како 2 месеци“ - вели Рукси.
Во главниот град оваа убава Романка ја работи работата со која сакала да се занимава уште како мала. Им ги исполнува соништата на многу невести кога станува збор за нивниот најпосебен ден во животот. Се грижи за декорирање на венчавки.
„Во Скопје го менаџирам мојот бизнис со украсување, наречен кајроманка.декорации и главниот интерес кајроманка е да создаде убава свадбена концепција за млади парови кои се на почетокот на својот живот и сакаат да се чувствуваат посебно на својот посебен ден. Јас сум страственик за свадби и уште од мала сакам да им помагам на луѓето да го исполнат својот свадбен сон. Најмногу невести. Младоженците обично немаат што да кажат за ова“, вели Рукси.
Денот ѝ почнува со будење, теретана, работа и одење во ателије каде креира концепти за нејзините идни невести.
„Во ателието создавам цветни аранжмани, и се втурнувам во тој свет на цвеќиња и лепак, а кога не го правам тоа тогаш сакам да одам во теретана за да ја задржам силата и флексибилноста. Тоа е она што го правам затоа што не стануваме помлади и колку побрзо почнете да работите на себе, толку поздрави ќе бидете во 60-тите. Сепак, генезата многу ми помага. Силно препорачувам и храна за размислување, а тоа се книгите. Можеби на мирна плажа некаде на овој свет, е една од моите омилени активности“, ни раскажа дамата која му го скроти духот на Симон Антиќ.
Ирена Ставрова
Фото: Приватна архива