Романтична блуза и удобни сандали кои секоја жена со стил мора да ги поседува: Уште еден моден погодок на Кралицата Летиција (ФОТО)
Сите знаеме дека таа е кралица на стилот!
Кралицата Летиција постојано воодушевува со своите беспрекорни комбинации на облека и суптилните детали, но кога ќе ја погледнете оваа комбинација, ќе сфатите дека летото дефинитивно е нејзина сезона.
Имено, убавата шпанска кралица секогаш се враќа во летните месеци со лесни ткаенини како што се лен или вискоза, а претпочита елегантни и романтични фустани во фини кроевите.
Имајќи предвид дека е голем љубител на панталоните, за последниот официјален кралски настап избра бели прави панталони над глуждовите со прекрасна романтична блуза со интересен дезен и голема јака, додека на нозете ги имаше своите омилени сандали што ги носи последните неколку години - удобни еспадрили со полна висока потпетица.
Интересен детаљ е тенкиот појас во окер боја со кој таа го истакна тенкиот струк, а го вклопи со деталите на блуата и накитот во златна боја.
Ако летово ви снема инспирација за малку поформален стајлинг, нема да погрешите доколку го ископирате овој на шпанската кралица.
фото:Profimediaизвор:stil.kurir.rs