Романтична разделба, нова песна на миленикот на женската публика, Владо Калембер

Може ли разделба да биде достоинствена, без навреди, обвинувања и лоша мисла? Кога ќе ја слушнете „У љубави смо краљеви и просјаци“, новата песна на Владо Калембер што ја потпишуваат: Григор Копров (музика), Саша Драгиќ (текст), Владимир Дојчиновски (аранжман), ќе останете без здив. Па и да имавте и најмала љубовна рана, ќе зацелите бидејќи зборовите се моќни, а го опишуваат човекот што донел одлука и со целиот животен багаж и сознание дека љубовта, иако премиса и прапочеток на секој живот, сепак може да престане. 

 Драгиќ вели дека се инспирирал од музиката, и веројатно во тоа е тајната на претопувањето на зборовите и музиката. И не е само тоа моќта на овааа композиција, миленикот на женската публика, Владо, овој пат е во сосема ново светло: фантастично ја донесува емоцијата, искуството и животот направија созреаните чувствата во кои и тој се пронаоѓа, да звучат прекрасно.  

Всушност, оваа авторска тројка, за првпат споена во една песна, го даде новото светло во начинот на пеењето на Калембер. Песната ја очекува и спот а наскоро ќе ја чуете и на македонски јазик. Владо е роден во Струмица и многу ја сака нашата земја. 

Инаку, Копров веќе има напишано една песна за Калембер - „Добра ноќ заљубени“ за „Макфест 1988“ и оттогаш трае нивното пријателство што еве резултира и во професионална спработка. Песната од денес го почнува својот музички живот, ќе се слушне на просторот на екс- Ју, од Вардар до Триглав, секој на свој начин да потврди дека во љубовта е и питач и крал.