Роналдо објави интересен оглас за работа, а никој не сака да аплицира за оваа позиција: Погледнете за што се работи!

Добивај вести на Viber

Кристијано Роналдо се обидува да ангажира готвач што ќе подготвува јадење за него и неговото семејство, но никој не ги исполнува неговите фамозно тешки барања

Кристијано Роналдо има проблем да избере некој да готви за него и неговите најблиски во Португалија. Вилата, која треба да биде завршена во јуни, е наречена пензионерски дом на Кристијано бидејќи тој очекува да стане негова главна семејна резиденција откако ќе се пензионира.

Затоа Роналдо бара и вработени кои ќе ги опслужуваат него и Џорџина, а некои од поврзаните работни места вклучуваат батлер кој ќе биде платен 4.800 фунти месечно. Сепак, Кристијано сè уште не нашол готвач.

Угледниот португалски портал „Correio da Manha“ ги обвини за проблемот барањата на Кристијано и неговата партнерка, кои сакаат да јадат традиционална португалска кујна и јадења од странски земји како суши.

Се верува дека Роналдо дури и специјално го дизајнирал просторот во својата нова вила за подготовка на јапонскиот деликатес.

Иако е голем љубител на суши, неговата мајка Долорес Авеиро откри дека неговата омилено е традиционално португалско јадење

Тој е подготвен на готвачот да му даде плата од 5.500 фунти, но за оваа позиција сè уште никој не се пријавил.

А многумина ги интересира како Роналдо и неговата избраничка ќе се снајдат во кујната на Саудиска Арабија каде неодамна се преселија поради трансферот на Кристијано во клубот Ал Наср.

Извор: showbuzz.dnevnik.hr