РОСАНА ЈАНКОВ СЕ ОГЛАСИ ПО НАПИСИТЕ ДЕКА СЕ РАЗВЕДУВА
По написите во медиумите дека виолинистот Никола Јанков-Коки , кој беше дел од дуото „Дуле и Коки“ и неговата сопруга Росана се разведуваат, се огласи Росана, која е портпарол во АМСМ.
Росана не ги негираше, ниту ги потврди гласините дека на бракот со Коки по десет години му доаѓа крајот.
„ За мојот приватен живот, немам коментар. За сите мои професионални ангажмани ви стојам на располагање“, ни изјави Росана. Коки не одговори на нашите повици и пораки.
Од блиски на двојката дознаваме дека портпаролката и музичарот сѐ уште официјално не се разделени и живеат заедно, а бракоразводната постапка не е започната.
На отварањето на новата продавница на „Левис“ минатата недела, Росана дојде сама. На социјалните мрежи, таа подолго време нема објавено семејна фотофрафија со сопругот и со ќерката заедно, иако тоа ѝ беше пракса претходно.
Во рубриката „Утринско кафе“ на Женски магазин, во која Росана гостуваше пред три месеци, ниту еднаш не го спомена сопругот.
„ Ме мотивира Лара, мојата среќа, но и животот и предизвикот во ова време невреме да испливам достоинствено кои моите цели. Мојот пат е трнлив и не секој го изодува, но мојата крајна цел е чиста и јасна“, ни изјави во јуни Росана.
На 21 септември годинава, таа Коки би требало да ја прослават десетгодишниата од бракот.
„ Сонував дека кога ќе бидам невеста, венчаницата ќе си ја купам од Канада или од Америка. Коки и јас отидовме на еден месец во Канада, и од таму купивме сѐ што ни беше потребно за свадбата, а таа не беше ни закажана. Коки предложи да ја направиме во септември. На 21 септември се случи најубавиот ден во мојот живот. Свадбата ја имав испланирано до детаљ . Сакав да имаме венчавка како што беа оние во Америка. Коки организираше сѐ до совршенство. Навистина беше како од бајка, со белите гулаби од матично, кочијата. Коки ја отпеа „Учи ме мајко карај ме, како да ја земам Росана“, а во салата влегов со татко ми. Се беше многу романтично, исполнето со многу емоции.“, изјави Росана лани за Женски магазин, раскажувајќи ја нивната љубовна приказна.
Сонував свадба како во Америка.- Коки и Росана на нивната венчавка во 2008 година
Таа и Коки се запознале пред 17 години, кога Росана работела како хонорарец во Македонската радио телевизија, а Коки со покојниот колега Дуле, гостувал во емисијата „Утринско огледало“.
„ По неколку години, со пријатели излеговме една во дискотека каде што свиреа Дуле и Коки. Само што влеговме, забележав едно многу убаво момче. Ми се пресекоа нозете и мислам дека тоа беше љубов на прв поглед. Кога го видов дека се качува на бината и дека ја отвора виолината, го препознав. Со мислите се вратив назад во времето на моето прво интервју со него. Се немавме видено многу долго време и мислев дека не се сеќава на мене, кога на мојот телефон добив порака: „Здраво.“ Пораката беше од него и од тој миг знаев дека е тоа, тој. Го послушав срцето и еве од тогаш поминаа 10 години, години кои ги поминувам со мојот љубен, во среќа, хармонија, пријателство и во заедничко воспитување на нашата среќичка“, раскажа Росана Јанков лани за Женски магазин.
М.Џаровска