Розева или полна месечина во понеделник - еве што тоа значи

На 30. април ќе имаме полна Месечина односно Розева Месечина. Таа се смета за најмагична полна Месечина во години, а оваа која ќе засјае на 30. април носи подароци и лекции а секој хороскопски знак, а оние кои најмногу ќе ги погоди ги очекуваат бројни предизвици.

Стрелците, Близнаците, Водолиите, Шкорпиите и Лавот мора да донесат свесни и добро размислени избори кога ја употребуваат силата на оваа Полна Месечина, за негативно да не се одрази на нивната животна енергија. Стрелците особено мора да размислат колку љубов и поддршка очекуваат од партнерот, а колку се подготвени да ја возвратат.

Полната Месечина во Шкорпија е задолжена за големи трансформации и е идеален период да се ослободите од некои работи и да го исчистите тоа што не ви треба. Шкорпијата претставува смрт и повторно раѓање, безусловна љубов, но и свесност. Шкорпијата носи сила и безусловна љубов, а на површина може да донесе и его и завист.