Рубенс Муратовски се збогува со Ванчо Петрушевски: Нека ти е лесен патот кон светлината (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Македонскиот театарски, филмски и телевизиски актер Рубенс Муратовски сподели емотивен статус за починатиот колега, Ванчо Петрушевски.

Големиот број пријатели, познаници, па и обожаватели на свој начин се збогуваат со актерот, кој остави посебен печат со учеството во голем број претстави, драми, а особено во македонските народни приказни.

По тој повод се огласи и Рубенс Муратовски, кој на Фејсбук го сподели следното:

„Кога ќе си отиде глумец од моето детство, како да си оди и дел од мене. Дел од она кон кое сум се стремел. На кое сум завидувал и бескрајно го почитувал. Ванчо, беше баш таков. Но кога ќе си отиде глумец, знаеш дека неговите одиграни улоги ќе останат за навек....нека Ти е лесен патот кон светлината Ванчо....“



Фото: Република.мк