S-BANKA – ОТСЕГА СО НОВ, МОДЕРЕН ДИЗАЈН, ДОСТАПНА И ЗА ПРАВНИ ЛИЦА, СО МНОГУБРОЈНИ ФУНКЦИОНАЛНОСТИ
Шпаркасе Банка АД Скопје, следејќи ги актуелните трендови на пазарот и работејќи во интерес на своите клиенти, со цел да им овозможи непречена мобилност и достапност на широк опсег банкарски услуги, воведе многубројни новитети во својата мобилна апликација S-Banka.
Новата верзија на мобилната апликација S-Banka, со новиот модерен дизајн креиран за подобрено корисничко искуство, има нови функционалности за физички лица, а за првпат е достапна и за правни лица, клиенти на Шпаркасе Банка.
Со цел подобрување на квалитетот на услугите, за физичките лица што се корисници на S-Banka воведуваме:
⁃ Интегриран С-Токен за најава и плаќање на веб
⁃ Можност за најава на веб со push-нотификација
⁃ Можност за плаќање со потврда со push-нотификација
Физичките лица досега имаа пристап до следните банкарски услуги на S-Banka:
⁃ Едноставен начин на плаќање режиски трошоци, интерни трансакции и трансфер на средства кон сите физички и правни лица
⁃ Биометрија (Face ID / Touch ID) при најава во апликација и авторизација на налози
⁃ Плати на пријател – брзо и едноставно префрлување средства на Вашиот пријател со сметка во Шпаркасе Банка, само со избор на неговиот контакт во телефонскиот именик
⁃ Подели сметка – лесно делење на вкупниот износ за плаќање со Вашите пријатели со сметки во Шпаркасе Банка и корисници на апликацијата S-Banka, само со избор на нивните контакти од телефонскиот именик
⁃ Pop-up нотификации за сите нови функционалности и унапредувања на решенијата на банката, во функција на клиентите
Правните лица, пак, за првпат добиваат можност за користење на мобилната апликација S-Banka, извршувајќи многубројни банкарски услуги, меѓу кои:
⁃ Биометрија (Face ID / Touch ID) при најава во апликација и авторизација на налози
⁃ Увид во состојбата на сите денарски сметки и бизнис-картички
⁃ Можност за плаќање од денарски сметки каде што корисникот е овластен
⁃ Можност за креирање и снимање налози
⁃ Увид во е-налози и идни налози
⁃ Увид и експорт во PDF на налози и извод за денарска трансакциска сметка
⁃ Лоцирање на најблиските банкомати и експозитури
⁃ Увид во курсна листа
Новата верзија на мобилното банкарство на Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува стратегијата на Банката за дигитализација и модернизација на своите услуги и овозможување врвно корисничко искуство за своите клиенти.
пр објава