Сакам да ги прегрнам најблиските: Ања Ветерова емотивно од Бостон, за коронавирусот

Добивај вести на Viber

Пејачката Ања Ветерова пред неколку дена на својот Инстаграм профил објави стори во кое постави прашање дали треба да се врати во Македонија или да остане во Бостон, САД, каде што студира. Поголемиот број од нејзините следбеници гласаа за таа да се врати, но сепак Ања мислејќи на својата безбедност се одлучи за спротивното.

„Пред неколку дена побарав помош од следбениците на Инстаграм, бидејќи бев во голема двоумица помеѓу САД и Македонија. Ја донесов одлуката, останувам во Бостон бидејќи сметам дека тоа е најбезбедно за мене. Не би сакала да се изложам на непотребен ризик.“ - започна Ања за Хаштаг.

Како што веќе кажавме таа мометално е во Бостон, кој не е во голема опасност од вирусот, а Ања се обиде од прва рака да не извести за сите мерки кои ги има преземено целата држава.

„Во моментов Бостон не е во голема опасност, меѓутоа превземени се одредени мерки во целата држава со цел да се спречи размножувањето на вирусот и да се заштити народот. Исто така, претседателот Трамп даде наредба дека сите треба да бидеме дома и зачудувачки е што сите тоа го почитуваат. Сите барови, ресторани и продажни места се затворени, дури и летовите надвор од САД се забранети. Кога станува збор за луѓето околу мене, може да се каже дека ситуацијата е тажна. Повеќето од моите пријатели си заминаа дома со цел да бидат со своите семејства иако беа свесни дека самиот пат е многу ризичен. Со повеќето се разделив пред неколку дена, а со другите го поминувам карантинот.“

Детали на Хаштаг.мк