Сакаше да ја смени математиката: Франц проговори за конфликтот со Пере од „Нокаут“

Познатиот музичар Владимир Крстевски-Франц кој пред неколку години се пресели во Америка конечно проговори за конфликтот со неговиот поранешен близок пријател и колега Никола Перевски-Пере и одлучи да ја сподели неговата вистина за бендот „Нокаут“.

- Со Никола Перевски не сум се чул веќе 4 и пол години. Се обидуваше да ме покани на концертот на Кале во Скопје да бидам гостин, но јас некако не можам да разберам како да бидам гостин по дома! Како тоа во својот дом гостин да бидеш!? Тоа е сѐ одраз на неговиот став дека тој е „Нокаут“, а јас сум бил само гостин. Ние се разделивме после 18 години заедничка соработка. Од партнери 50-50 тој сакаше да ја смени математика на 80-20 за него и јас на тоа не се согласив. Го употреби бендот како алиби и си ја оствари својата цел. Константно беше незадоволен, а се одеше глатко и редевме успеси. Се надевам дека сега е среќен и на сите од бендот им посакувам успеси во идинина - раскажува гитаристот кој неодамна стана татко за новиот број на магазинот „Убавина и здравје“.