Сакате да изгледате повисоко: 5 модни парчиња кои мора да ги имате во својот плакар оваа пролет

Добивај вести на Viber

Мали модни совети за дамите кои сакаат визуелно да изгледаат повисоко, а повторно да бидат во тренд.

1. Кроп топ

Познавачите на модата тврдат дека на ниските дами одлично им стои кога горните делови од облеката им се со должина до половината. Ваквиот крој го балансира односот на нозете и горниот дел на телото и прави да делуваат повисоко. Со кроп топовите не значи дека мора да се покаже стомакот, туку може убаво да се искомбинираат со панталони со висок струк или длабоко здолниште.

2. Ремен околу половината

Ременот е одличен детаљ кога се во прашање, „оверсајз“ сакоата, а кога ќе се додаде како аксесоар околу половината, ќе се привлече вниманието кон најтесниот дел од телото и ќе се нагласи линијата.

View this post on Instagram

A post shared by @pia_mbd

3. Вертикални линии

Долгите вертикални линии прават да изгледаме повисоки! Панталони, костими, блузи, сакоа... Ефектот е одличен.

View this post on Instagram

A post shared by Caroline Daur (@carodaur)

4. Панталони до глуждови

Познавачите на модата често препорачуваат ниските дами да носат панталони до глуждови. Тие визуелно „додаваат“ сантиметар повеќе.

5. Комбинезони 

Во пролет и лето сакаме да носиме комбинезони, кои, освен што се удобни, лесно се комбинираат, особено со чевли на високи потпетици, но исто така и со патики... Комбинезоните ќе бидат хит и оваа година.

фото: pixabay.com