„Сакав да пее на мојата јахта“: Душко Тошиќ призна дека и праќал пораки на Северина – откри детали за скандалот
Поранешниот фудбалер Душко Тошиќ проговори за скандалот за кој гори регионот...
Душко Тошиќ проговори среде скандалот поради неговата приватна преписка со хрватската пејачка Северина Вучковиќ.
Поранешниот фудбалер откри дека ја контактирал Северина да пее на јахтата што неодамна ја купил во Турција. Според него, блиски пријатели сугерирале дека најдобро би било да ја ангажираат Северина да пее на неговата забава.
„Неодамна купив јахта која е паркирана на Босфорот и сакав да прославам, а моите пријатели од групата „Whats up“ предложија Северина да пее за нас. Па, тоа е причината за мојот контакт“, изјави Тошиќ за Курир.
Приватната преписка меѓу Севрина и Душко ја објави неговата сопруга на Фејсбук.
Војната меѓу Јелена и Северина започна откако ЈК јавно ги осуди изјавите на Северина на тема Сребреница, кои хрватската пејачка ги даде во интервју за време на престојот во Сараево. Српската снаа вчера преку Инстаграм и се обратила со шокантна порака, за да ја испрати својата преписка до познатиот спортист, која Карлеуша потоа ја објавила на своите мрежи.
Фото:Инстаграм
Извор: Мondo.rs