Селма Хајек никогаш не користела ботокс: Лице брз брчки на 56 години има благодарение на овој напиток (ФОТО)

Таа е една од ретките што не користела процедури за подмладување, а изгледа барем 20 години помладо!

Таа пред неколку дена прошетала низ улиците на Лондон без грам шминка. По тој повод таа во шестата деценија покажа целосно затегнато лице, без никакви неправилности! Многумина веројатно мислат дека трошат многу пари за нега на лице! Напротив, таа секое утро пие пијалок, кој се состои од 4 намирници и е достапен за секого!

Тајната на добриот изглед на Селма Хајек е во генетиката, внимателно дизајнирана рутина за нега, но и корисна, здрава навика. Благодарение на тој еликсир на младоста, таа сè уште одолева на сите естетски зафати!


Нејзиниот домашен сок ја прави кожата сјајна, но има и здравствени придобивки за телото и организмот.

Покрај тоа, Селма секое утро ги прска лицето и вратот со ладна вода, што го смета за одличен потег за долготрајна младост.


Рецепт за сокот на оваа холивудска убавица

Витамин Ц - Селма во својот рецепт користи свежи портокали. Тие се добар извор на витамин Ц, го зајакнуваат имунитетот и влијаат на варењето.

Куркума – Во сокот од портокал додава куркума – зачин кој благотворно делува на организмот, но и убавината.

Црн пипер - Актерката изјавила дека во сокот додава малку црн пипер, бидејќи му помага на телото побрзо да ја апсорбира куркумата. Покрај тоа, овој зачин го забрзува метаболизмот.

Кучешки трн - Растение кое е богат извор на витамин Ц и витамин Б12. Содржи и многу колаген, но и го поттикнува телото да го произведува, па јасно е зошто има регенеративно дејство на кожата, косата и ноктите.


Фото: Printscreen Instagram oficiajlen profil Salma Hayek