„Сама се шминкав, кумата ми ја среди косата“: Слаѓа Алегро сподели фотка од сопругот и сите ги изненади
Убавата пејачка ја прослави седмата годишнина од бракот во Милано
Популарната пејачка Слаѓа Алегро и нејзиниот сопруг Зоран Драгаш се седум години во брак. Тие двајца често патуваат заедно, а годишнината од бракот ја прославија во европската престолнина на модата, Милано.
Решиле да се посветат и да уживаат во посетата на познатите објекти, но и шопингот во овој прекрасен италијански град.
Пејачката не одолеа да не ги сподели прекрасните фотографии на социјалните мрежи. До една од нив пејачката напиша:
- На денешен ден пред 7 години во ова време го чекав фустанот што ми беше сошиен, да се облечам, сама се нашминкав малку, кумата ми ја среди косата, куќата беше преполна со драги луѓе. Беше убаво попладне. Скромно, „тивко“ и срцето и душата „гласно“ се радуваа. Така е и денеска – напиша Слаѓа во описот на заедничката фотографија.
Со ова таа објасни како се чувствувала на тој магичен ден, кога со сопругот застанала на лудиот камен и ги изненадила сите. Многумина мислеа дека нејзината фризура е скапа, нејзината шминка од познат шминкер, но всушност се било спротивно од тоа.
Далеку од вревата и гужвите на Белград, тие го создадоа својот дом од соништата. Во него се е направено по нарачка. Слаѓа и нејзиното семејство таму наоѓаат бегство од секојдневните обврски, каде се дружат, одмораат и уживаат во љубовта.
Семејниот дом на балканската пејачка е еден од најубавите на балканската естрада. Во него доминираат модерни парчиња мебел, светли бои и пространи простории.