„Само луд човек мисли со своја глава!“ – Мудрост на еден индиски поглавар за сите времиња

Добивај вести на Viber

Откако Ц.Г. Јунг разговарал со еден индиски поглавар (началникот на домородните Американци Очвиај Бјано - Планинско езеро, од Таос пуеблос во Ново Мексико во 1932 година), поглаварот му го кажал следново:

„Погледни како белите луѓе не личат на човек.

Усните им се тенки, носот зашилен, лицата избраздени и искривени, очите фиксирани, постојано бараат нешто.

Што бараат?

Белите луѓе секогаш сакаат нешто, вознемирени се и неспокојни.

Не знаеме што сакаат.

Ние не ги разбираме.

Мислиме дека се луди“.

„Зошто мислите дека белите луѓе се луди? прашал Јунг.

„Тие велат дека мислат со своја глава. - одговорил началникот.

„Па се разбира, со што мислите вие? го прашал Јунг.

„Ние мислиме со ова. - рекол началникот и му покажал на срцето.