„Само луѓе со предрасуди мислат дека не знам да пливам“: „Девојката со крила“ руши стереотипи (ВИДЕО)
„Девојката со крила“ или храбрата Дејана Бачко која живее со вроден инвалидитет на рацете, неодамна стана мајка, но и одличен возач на автомобил.
Оваа девојка ги руши стереотипите дека лицата со инвалидитет не можат да прават работи кои ги прават сите останати луѓе.
Во новото видео кое го обајви покажа дека и луѓето со инвалидитет можат да пливаат.
„Многу луѓе ги осудуваат лицата со инвалидитет, имаат предрасуди и разни размислувања. Мислат дека не знам да пливам, да не знам да возам и уште многу други работи. Јас сакам да се шегувам на своја сметка, но и знам да пливам. Користете ја насмевката за да го промените светот, а не светот да ја промени вашата насмевка“, вели Дејана во новото едукативно видео.
Во едно од видеата кои се објавени на нејзиниот профил, Дејана покажува и како сама може да облече костим за капење.
Марко, животниот сопатник и партнер на Дејана, секако е најголемата поддршка за оваа храбра девојка, бидејќи тој и е поддршка во сите животни ситуации, а ја истакнува посебната улога на партнерот кога е во прашање полагањето на возачки испит.
Дејана е европска шампионка во пара таеквондо, слика од својата петта година и ја нарекува својата прва љубов. Дејана е мајка на мало девојче и секој ден му благодари на Бога за се што и донел животот.
Фото: ИнстаграмИзвор: Инстаграм