„Самохрана мајка и разведена жена биле опасност“: Што предизвика пораката на владиката Петар за „изопаченоста“ на родовата еднаквост?

Владиката Петар во велигденското послание порача дека родовата еднаквост е „изопаченост“, жестоко говорејќи против феминизмот, нагласувајќи дека жената во денешно време е многу поеманципирана за разлика од минатото, но се повеќе има разведени жени и самохрани мајки.

Пренесувајќи ја неговата изјава во прилог на ТВ Телма, владиката истакнува дека остварувањето на права без должности, го расипува и изопачува светот, кој ја губи својата рамнотежа и хармонија и дека покрај феминизмот, на нашето оштество сега му се заканува уште поопасна и поотровна идеологија, а тоа според него е „изопачената“ родова еднаквост.

-Но, да внимаваме! Вонмем! На нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост! Оваа идеологија, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена; Господ ги создаде машко и женско, и сè друго изменето, поинакво и поразлично од божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо, вели тој во пораката.

Целиот текст може да го прочитате на Фактор.

фото: Принтскрин / Јутјуб