Малолетникот на возраст од 15 години синоќа скокнал од катната гаража „Разловечко востание“ која се наоѓа спроти ГТЦ во Скопје, при што починал на самото место. На терен веднаш пристигнале екипи на полицијата.
Неофицијално според полициски извори станува збор за самоубиство, додека порталот ММС објави дека момчето непосредно пред падот на Снапчет споредлил фотографија на која се гледа како се наоѓа на најгорниот кат на катната гаража.
Истражителите треба да дадат одговор дали се работи за еден од несреќните случаи, инспирирани од предизвиците на социјалните мрежи.