Samsung ја претставува серијата Galaxy A16, која вклучува два нови уреди
Samsung Electronics го најавува лансирањето на новите Galaxy A16 5G и LTE, најновите возбудливи додатоци во линијата на мобилни уреди од серијата A. Со својот голем, имерсивен екран, моќна тројна камера и вградена безбедност преку Samsung Knox Vault, новата серија Galaxy A16 обезбедува неспоредливо корисничко искуство.
Идеални за љубителите на филмови и за гејмерите, новите Galaxy A16 5G и LTE располагаат со пространи 6,7-инчни екрани со минимизирани рамки, совршени за долго гледање серии или истражување на најновите мобилни игри. Со Super AMOLED екранот, корисниците можат да уживаат во живописни, реалистични бои во секоја сцена, додека стапката на освежување од 90Hz овозможува беспрекорни транзиции од сцена во сцена за поимерсивно искуство на гледање.
Серијата Galaxy A16 е осмислена за визуелни раскажувачи, при што двата уреди се опремени со разновидна, тројна камера со висока резолуција, која им овозможува на корисниците да ги снимаат секојдневните моменти со неверојатни детали. Ултра-широката камера од 5MP е идеална за снимање зачудувачки пејзажи, додека предната камера од 13MP овозможува правење селфи со студиски квалитет. Главната камера од 50MP е создадена за снимање на секој момент, било како фотографија или видео, со највисока дефиниција и нуди инстант предлози за уредување за да им помогне на корисниците да ги усовршат своите снимки во движење.
Новите уреди имаат елегантен дизајн со потенок форм-фактор од 7,9 мм. Тие се, исто така, опремени со нова IP54 заштита. Galaxy A16 5G и LTE се карактеризираат со енергетска ефикасност и непрекинато репродуцирање на видео содржина. Уживајте во она што го сакате без да се грижите за траењето на батеријата – со батерија од 5.000 mAh, Galaxy A16 5G обезбедува долго траење на батеријата со само едно полнење. А со функцијата Super Fast Charging, вие можете брзо да се вратите во акција.
Серијата Galaxy A16 користи Samsung Knox Vault, доверлива заштита која физички ги изолира вашите ПИН-ови, лозинки и други лични податоци од неовластен хакерски пристап. Samsung Knox Vault ги штити личните податоци на корисниците во хардвер кој е отпорен на манипулации, осигурувајќи ги од потенцијални закани. Новите уреди, исто така, доаѓаат со шест генерации на ажурирања на оперативниот систем и шест години безбедносни ажурирања, со што вашиот уред останува безбеден и ажуриран.
Galaxy A16 5G и LTE се најновите уреди од серијата A и тие ќе бидат достапни во малопродажба од 20 ноември. LTE е достапен во црна, светлозелена и светлосива боја, а Galaxy A16 5G е достапен во светлозелена, синкасто црна и светлосива боја.
Ве молиме посетете ја службената страница на Samsung за повеќе информации.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
ПР објава