Андријана Јаневска потпиша договор со светска филмска компанија: „Ми претставува огромна чест што имав можност да работам на ваков врвен проект“
Еден од најдобрите женски вокали на македонската музичка сцена кај нас, Андријана Јаневска преку социјалните мрежи сподели убава информација поврзана со нејзината кариера.
Пејачката оствари значаен успех на меѓународно ниво со потпишување на договор со светската филмска и забавна компанија Warner Bros.
„Потпишав договор со светската филмска копанија Warner Bros. Учествував како вокална официјалниот саундтрак на видеоиграта Mortal Kobat 1. Ми претставува огромна чест што имав можност да работам на ваков врвен проект“, изјави Јаневска.
Ворнер Брос е основана во 1923 година од четворица браќа, Хари, Алберт, Сем и Џек Ворнер, компанијата се етаблира како лидер во американската филмска индустрија пред да се диверзифицира во анимација, телевизија и видеоигри, и е една од главните „Big Five“.
Компанијата е позната по својот оддел за филмско студио, „Warner Bros. Motion Picture Group“, која ги вклучува Warner Bros. Pictures, New Line Cinema, Warner Bros, Pictures Animation, Castle Rock Entertainment, DC Studios и Warner Bros. Bugs Bunny, лик создаден за серијата Looney Tunes, е официјалната маскота на компанијата.
Фото: ИнстаграмРЖМ