Samsung нуди интуитивно, персонализирано и безбедно искуство за програмери на собирот SDC23

Добивај вести на Viber

Samsung Electronics ја одржа својата годишна Samsung конференција за програмери (SDC) во центарот Москон во Сан Франциско. Фокусот на деветиот по ред собир на програмери и партнери беше посветеноста на компанијата Samsung на стратегијата за отворени иновации и услуги и нејзините платформи за програмери како што се Bixby, Samsung Knox, SmartThings i Tizen.

При воведното обраќање, Samsung ги претстави новите начини за создавање на побезбедно, поздраво и поодржливо искуство преку својот екосистем од различни уреди, сега дополнително подобрен со нови функции за поврзливост со платформата SmartThings и унапредениот Samsung Knox Matrix. На собирот исто така се зборуваше и за One UI 6, најновата верзија на мобилниот кориснички интерфејс на Samsung кој е водечки во својта класа и кој се одликува со низа на персонализирани стилови и нови функции за сеопфатно искуство при користење на паметниот телефон.

„Секоја година се продаваат над 500 милиони производи на Samsung, додека луѓето кои ги користат сметките на Samsung надминува 600 милиони. За нас ова е и огромно достигнување и голема одговорност“, изјави Џонг-Хи Хан, потпретседател, генерален директор и директор за искуство при користење на уредите во компанијата Samsung Electronics. „Samsung технологијата поврзува безброј луѓе, производи и услуги. Верувам дека, ако вие, нашите програмери и партнери, ни се придружите на овој пат на иновации, можеме заедно да создадеме поголеми можности и посветла иднина“.

Хан исто так истакна дека одржливоста и безбедноста се темел на сите последни новитети на Samsung, бидејќи овие две вредности се од суштинско значење за одговорни иновации во новото време на хиперконективност.

Паметните домови поврзани повеќе од кога било

Samsung визијата за поврзан дом има длабоки корени во платформата SmartThings и отворените иновации. Од воведувањето на Matter стандардот минатата година, вкупниот број на корисници на платформата SmartThings кои поврзале компатибилни производи и услуги порасна на над 290 милиони. Сега со SmartThings Home API[1], на програмерите им е полесно од кога било да создаваат

апликации базирани на SmartThings, а SmartThings Context API нуди нови начини за примена на AI (вештачка интелигенција) технологијата за тестирање за добивање на подобро корисничко искуство.

Samsung ја воведува функцијата SmartThings hub на постоечките и нови производи, вклучително и на звучни ленти на Samsung и паметните телевизори, така што корисниците можат брзо и лесно да управуваат со своите паметни домови од поврзаните уреди. Со ваа мулти-хаб мрежа исто така се подразбира дека кога е време да се замени или додаде некој уред, постои силна и стабилна мрежа од други, кои се подготвени да го одржат во функција паметниот дом. Ова искуство беше дополнително подобрено преку соработката на Samsung со компанијата Aqara, во рамки на која тие заеднички претставија како нејзините IoT (интернет алатки) сензори работат на платофрмата SmartThings со цел создавање на интуитивни и пристапни паметни домови.

Samsung исто така ја претстави и втората генерација на SmartTag2[2] на собирот SDC23. Со батерија која трае до 700 денови[3], IP67 рејтинг за отпорност на вода и прашина и елегантен дизајн со помали димензии, SmartTag2 може да ги следи изгубените предмети на дожд, снег па дури и под земја со Bluetooth Low Energy (BLE) конекцијата.

Bixby се повеќе се интегрира на платформата SmartThings. Samsung оваа година ја претстави интуитивната контрола на команди за опкружување со повеќе уреди. Сега, дури и ако повеќе уреди се поврзани во истиот простор, Bixby интуитивно разбира кој уред најдобро одговара на секоја команда, со подобро разбирање на секое сценарио. Во иднина, Bixby ќе биде дополнително развиен за да обезбеди персонализирано искуство со едноставни команди благодарение на разбирањето на различните јазици на корисниците и оптимизирањето на нивните намери.

Бидејќи сè поголем број поврзани уреди работат заедно за да ги создадат овие нови искуства, безбедноста и приватноста се поважни од кога било. Минатата година Samsung ја претстави Knox Matrix, визијата на Samsung за иднината на безбедноста базирана на блокчејн, каде уредите поврзани во екосистем можат да се заштитат меѓусебно - како и од нивните корисници. Samsung ги подобрува клучните карактеристики на Knox Matrix оваа година, вклучително и синхронизација на идентитетот и синџирот на доверба. Samsung исто така го воведува и Knox Vault на повеќе уреди, вклучително и кај Samsung Neo QLED 8K телевизорите за 2023 година и избрани паметни телефони од серијата Galaxy A, кои ќе бидат лансирани со One UI 6 или подоцна во 2024 година. Дизајнирани за добата на хиперконективност, овие достигнувања овозможуваат поголема удобност и избор за корисниците, нудејќи им дополнителни начини безбедно да го прават она што го сакаат.

Samsung исто така го воведува и Knox Vault во повеќе уреди, вклучително и во Samsung Neo QLED 8K телевизорите за 2023 година и одбрани паметни телефони од Galaxy A serije кои се воведуваат со One UI 6 или новите во 2024. Замислени за времето на хиперконективноста, овие унапредувања овозможуваат поголема удобност и избор за корисниците, нудејќи им додатни начини безбедно да го работат она што го сакаат.


[1]Интерфејсот за програмирање на апликации (API) е софтвер кој овозможува две апликации да комуницираат една со друга.

[2] Galaxy SmartTag2 има IP67 рејтинг. Се заснова на лабораториски услови за тестирање за потопување до 1 метар длабочина во слатка вода 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа, базен или во сапуница. Отпорноста на уредот на вода и прашина не е константна и може да се намали со текот на времето.

[3] Траењето на батеријата се заснова на внатрешно лабораториско тестирање за типични сценарија за шема на користење спроведено од Samsung. Тестирано со резултатите од верзијата пред лансирање на уредот со батерија CR2032 во пакетот. Вистинскиот рок на траење на батеријата може да варира во зависност од шемите на користење, моделите на уредите или производителите на батерии.

Tizen OS: Максимални можности за програмерите

Tizen успешно ги напојува дигиталните екрани, вклучувајќи ги телевизорите, домашните апарати, мониторите и знаците во изминатава деценија. Samsung оваа година објави дека го воведува Tizen на уште поголем број уреди, вклучително и на домашните апарати со екрани од 7 инчи, а истовремено го подобрува искуството со AI (вештачка интелигенција) во самиот уред и во хабот Home AI Edge. Со технологијата Home Al Edge, уредите со помала компјутерска моќ можат да бараат AI услуги од уредите во домот со силни компјутерски ресурси како што се CPU и NPU, што постепено ќе доведе до тоа сите уреди во домот да станат интелигентни.

Tizen, исто така, ги напојува извонредните игри на Samsung, вклучително и клауд платформата Samsung Gaming Hub, која сега поддржува 3.000 игри - што е 300% зголемување од лансирањето од минатата година. Слично на тоа, со HDR10+ GAMING и алатката за развивачи на графика IRIS на Samsung, сега е право време да се истражат поставките за виртуелните игри на Tizen.

Tizen нуди и подобрена поддршка за сè попопуларната полупроводничка архитектура со отворен код RISC-V и програмскиот јазик RUST, со нови функции како далечинска лабораторија за тестирање на апликации и искуства на телевизорите Samsung во клаудот.

One UI 6: Вашиот Galaxy на ваш начин

Новиот One UI 6 нуди повеќе начини како да го направи вашиот паметен телефон полесен за користење, полесен за управување и малку повеќе да ве одразува вас самите. Има подобрен брз панел со освежен, интуитивен изглед и чувство, со поставки групирани заедно за лесно користење. Со One UI 6, воведен е нов ексклузивен фонт: One UI Sans, за подобра читливост на дигиталните екрани. Кога станува збор за фотографиите, One UI 6 ја анализира онаа што ја гледате и ги предлага најдобрите AI алатки за уредување во рамки на една алатка до која лесно се пристапува. А со Samsung Studio, можете да го уредувате вашето видео на повеќе начини, со додавање текст, стикери и музика каде сакате и кога сакате.

Благодарение на неговата способност да обезбеди персонализирано и интуитивно корисничко искуство со подобрени функции, One UI 6 навистина им овозможува на корисниците да добијат многу повеќе од својот паметен телефон отколку порано.

Повисоко ниво на здравствена заштита

На SDC23, Samsung Electronics ги претстави своите напредни здравствени решенија засновани на поврзување. Новите дигитални искуства поврзани со здравјето понудени од платформите SmartThings и Samsung Food и персонализираното опкружување за спиење се можни благодарение на подоброто поврзување со корисниците, уредите и услугите. Со цел дополнително да ги подобри овие услуги, Samsung објави дека останува посветен на Samsung Privileged Health SDK, кој на програмерите и партнерите им овозможува да креираат дигитални решенија за здравјето користејќи го биоактивниот сензор на Samsung.

Дополнително, Samsung ги истакна своите соработки за клинички испитувања со Brigham and Women's Hospital, MIT Media Lab, Tulane University и Samsung Health Center, а д-р Пети Мејс од MIT Media Lab му се придружи на Samsung на сцената.

Samsung, исто така, ги откри деталите за својата нова услуга Samsung Food, вклучувајќи ги технологиите Food Al и Vision Al, кои нудат сеопфатно искуство со храната на сите поврзани уреди. Тие вклучуваат програма за споделување рецепти и услуга за купување намирници, персонализирани препораки и многу повеќе. Samsung планира да понуди интеграција на услугите Samsung Health и Samsung Food за да можат корисниците однапред да добиваат пораки поврзани со исхраната.

Samsung ги поканува програмерите, креаторите, партнерите и другите да му се придружат во неговата посветеност за отворени иновации и подобри искуства овозможени од поврзувањето. За повеќе информации за SDC23, посетете ја: https://www.samsungdeveloperconference.com/.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, Wearable уредите, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата. Најнови вести на: http://news.samsung.com


[1]Интерфејсот за програмирање на апликации (API) е софтвер кој овозможува две апликации да комуницираат една со друга.

[2] Galaxy SmartTag2 има IP67 рејтинг. Се заснова на лабораториски услови за тестирање за потопување до 1 метар длабочина во слатка вода 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа, базен или во сапуница. Отпорноста на уредот на вода и прашина не е константна и може да се намали со текот на времето.

[3] Траењето на батеријата се заснова на внатрешно лабораториско тестирање за типични сценарија за шема на користење спроведено од Samsung. Тестирано со резултатите од верзијата пред лансирање на уредот со батерија CR2032 во пакетот. Вистинскиот рок на траење на батеријата може да варира во зависност од шемите на користење, моделите на уредите или производителите на батерии.

ПР објава