Samsung One UI 3.1 ажурирањето носи моќни опции од Galaxy S21 во Galaxy S20, Galaxy Note20 и Galaxy Z сериите

Нови опции и можности за камерата се достапни за уште повеќе Galaxy корисници со One UI 3.1 ажурирање

Компанијата Samsung Electronics го претстави One UI 3.1 ажурирањето за Galaxy S20 (Galaxy S20, Galaxy S20 +, Galaxy S20 Ultra, Galaxy S20 FE), Galaxy Note20 (Galaxy Note20, Galaxy Note20 Ultra), Galaxy Z Fold2 и Galaxy Z Flip сериите од паметни телефони.[1] Ова софтверско ажурирање, кое првпат дојде со Galaxy S21 серијата, носи избрани можности за камера за снимање и креирање на врвни фотографии и видео материјали, заедно со новите паметни функции кои го подобруваат секојдневното корисничко искуство со тоа што добиваат повеќе од своите Galaxy уреди.


„Samsung е посветен на обезбедување најсовремено мобилно искуство на корисниците, во текот на целиот животен циклус на нивните уреди,“ речеTM Roh, претседател и директор за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics. „Со извршување на три генерацискиажурирања на Android OS за избраните Galaxy уреди, на нашите корисници им обезбедуваме моќни нови опции веднаш штом се појават. Нашето One UI 3.1 ажурирање е важен чекор во нашата мисија.“


Снимајте динамични фотографии и видео записи со нови паметни функции на камерата

Galaxy S21 серијата со One UI 3.1 ги претстави неверојатните нови функции на камерата, со што уште повеќе го олеснува снимањето на врвни фотографии и видеа од професионален карактер. Сега и корисниците на Galaxy S20 телефони можат да ги користат овие опции со помош на One UI 3.1 ажурирањето.

Со подобрениот Single Take[2] корисниците нема да пропуштат ниту еден кадар од своите снимки, со само еден допир на екранот.

Откако корисникот ќе ја сними содржината, One UI 3.1 помага со помош на Object eraser функцијата фотографијата да се доведе до совршенство. Оваа паметна опција им овозможува на корисниците без напор да отсекуваат несакани делови од фотографијата. Ако корисникот сака да отстрани далечни предмети од сликата, со еден допир на несаканиот предмет, тој автоматски ќе се избере и избрише.  



[1] One UI 3.1 е достапен на Galaxy S20сериите, Note20сериите, Z Fold2 и Z Flip, како и на S10, Note10, Fold, A71, A51, A90, A80, A70 и A50 уредите.

[2]Single Take снима фотографии и видеа во трајност до 15 секунди.

Пр објава