САРА ФЕШН со нова колекција пижами и супер попусти за оваа сезона!

Добивај вести на Viber

Сара Фешн (СФ) овие денови ја претстави својата нова колекција на пижами за колекцијата пролет 2021, создадена за жени и мажи кои сакаат удобност и квалитет. Новата колекција е составена од голем број модели на пижами кои постојано се надополнуваат, така што потрошувачите во СФ ќе можат да ги одберат своите омилени пижами од големиот избор на дезени и принтови.


-  “СФ пролет... создадена за тебе“ – нашиот слоган за оваа кампања е всушност кратка дефиниција на нашата работа. Сара Фешн постојано посветено работи на нови колекции на долна облека, пижами, хулахопки и чорапи кои ги исполнуваат потребите за потрошувачите, а создавајќи производи според нивните барања, всушност создаваме успешна приказна која трае веќе 22 години. Оваа кампања ја предводат новите модели на пижами за жени и мажи кои се изработени од внимателно одбрани материјали со кои секој од нас ќе се чуствува удобно и пријатно. Оваа сезона моделите ги пратат интересни принтови и текст-натписи со кои ќе го разиграте вашиот пижама-стајлинг, а повторно ја збогативме понудата на пижами за жени во сите броеви за сите потреби. Одберете од пастелните бои за женски или од сино-сивите тонови на машки пижами и уживајте во пролетта која во СФ ја дизајниравме да биде весела, креативна и забавна! – изјавија од тимот на Сара Фешн.


За уште поголемо изненадување, Сара Фешн во своите продажни места подготви и промотивен попуст до -30% на новата колекција, но и на другите модели кои беа лансирани оваа пролет, а онлајн можете да шопингувате и до -50%!!


Кампањата е во соработка со нивните неколку годишни соработници, центарот за обуки и курсеви Кариера Плус кои со нивните ментори и курсисти се погрижија за изгледот на моделите, а фотосесијата е во соработка со General Productionпод раководство на Дарио Јанковиќ. Моделите од модната агенција Моделс Ин, Ана и Свето, како и нашата писателка и креативец, Марија Лозаноска, се лицата на оваа кампања.


Освен оваа промотивна кампања, во тек е и нивната позната Чорапоманија со супер понуда на чорапи и хулахопки, затоа погледнете ги новата колекција и акциите на нивните профили на социјалните медиуми фејсбук и инстаграм и уживајте во пролетта со #SF!


Sara Fashion произведува и продава производи наменети за жени, мажи и деца од категориите долна облека, пижами, хулахопки, чорапи, костими за капење и модни додатоци. Главни застапници се за светските брендови Penti, Pompea, NBB, Happy Socks и многу други. Веќе повеќе од две децении твори на македонскиот и српскиот пазар со докажана посветеност во работата, истрајност чии успеси се признаени од нивните потрошувачи.


ПР објава