Сара Мејс и Димитар Атанасовски на зимување со децата: Илина сама вози сноуборд и Кирил почна да учи (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски на зимување со децата

Сара Мејс и Димитар зимскиот одмор го искористија за сноубординг лудории во познатиот скијачки центар Златибор. Имено брачната двојка со децата замина на планина, каде си помина супер.

Петгодишната Илина научи да борда со помош на тренер, додека и Кирил за прв пат се качи на сноуборд.

На среќата на мама и тато ѝ немаше крај, со оглед на тоа што тие веќе долги години возат сноуборд.

„Екипата е поспремна и поспремна. До душа и побудалена, ама не би ја сменил за ништо на светот.“ - напиша водителот под споделените заеднички фотографии од зимувањето.