САРА МЕЈС СЕ ПОРОДИ: Ќерката не е Северина, туку Илина

Добивај вести на Viber

Пејачката и харфистка Сара Мејс утрово роди женско бебе. 

По нејзина желба и на желба на нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски, ќерката се вика Илина. „Не е лажна тревога“. Најсреќна на свет сум. Добредојде Илина“, вели Сара.

Во екслузивното интервју за Женски магазин минатата недела, таа изјави дека ако ќерката се роди на 8 септември, ќе се вика Северина.

„Овие 9 месеци ми поминаа како девет секунди. Сара е толку луда што се качува на планини и игра оро на свадба само неколку денови пред да се породи“, ни изјави Димитар.

Сара, денеска токму на денот кога ја роди ќерката го промовирашпе новиот спот за песната „Црна капина. 

„Го наместив на јутјуб да излезе утре наутро, во случај да бидам зафатена со давање живот“, напиша Сара на својот фејсбук профил вчера. Спотот е изработен како анимација и е дел од нејзиниот проект „Floathing thru space with Sarah Mace“. (М.Џ.)