Саша Поповиќ ќе си ја менува крвта?! Вклучени се и експерти, еве каква е неговата моментална состојба и што го чека

Добивај вести на Viber

За неговата состојба Саша разговарал со најголемите експерти од Европа.

Директорот на „Гранд“ Саша Поповиќ веќе извесно време води животна битка, поради што шест месеци не се појавува на јавни настани или воопшто во јавноста.

Откако во мај се појавија фотографии на кои се гледа како тој се лекува во Ортопедскиот завод во Бањица, пред која беше виден во инвалидска количка, со ногата во гипс до коленото, Поповиќ исчезна од јавниот живот.

Како што сега дознаваат медиумите од соседството, поради нарушениот имунитет и болеста со која неодамна се соочил шефот на Гранд, лекарите му предложиле да ја смени крвта, за да го зајакне телото, покрај веќе постоечките терапии на кои се подложил.

- Во последно време Саша редовно оди во странство и се консултира со доктори кои се најголеми експерти низ Европа. Во Германија разговарал со лекар од приватна клиника кој му предложил размена на крв, што е третман кој го подмладува и зајакнува телото. Сега навистина му е потребно, бидејќи треба да зајакне, со оглед на тоа што оди на терапија која го ослабна - открива изворот и продолжува да додава:

- Саша побара воопшто да не зборува за својата болест. Ситуацијата е таква што сите, па и тој, навиваат се‘ да биде како што треба, па затоа никој не дава изјави ниту медиумски ниту вака, на подалечни роднини и пријатели. Во емисијата многумина знаат за што се работи и што се случува сега, но секако ништо не се емитува. Некои, како Јелена Карлеуша, зборуваа за тоа како е Саша, но се разбира, само семејството ја знае вистинската слика.

Да потсетиме, во текот на летото медиумите брмчеа како состојбата на Саша се искомплицирала, а Поповиќ направил дополнителни тестови и специјалистички прегледи за да ја утврди точната причина за тегобите што ги чувствувал. По добиените резултати и разговори со специјалисти, тој одлучил да замине во странство и таму да направи дополнителни прегледи, како и консултации со лекарите за понатамошно лекување. Исто така, таму ќе оди на терапија.

- Поповиќ си ја скрши ногата и имаше гипс. Некои од наодите сепак не им се допаднале на лекарите, па решиле да направат дополнителни анализи и снимања. Ситуацијата не е безопасна, а тоа се гледа од Саша и Сузана. Се договорија да заминат во странство за да може да ја прими најдобрата можна терапија - изјави упатен извор близок на Поповиќ, а пренесе република. рс.


Фото: Youtube - screenshoot