Сашко Коцев со сопругата на море: „Блазе тебе каде да одиш докторка си носиш со себе“
Актерот Сашко Коцев овие денови ужива на плажа со неговата сопруга Смиљана. Ваквите објави од приватниот живот на Коцев се вистинска реткост, па и затоа фотографијата за еден ден собра илјадници допаѓања.
Дали навистина Коцев ужива на плажа или е само спомен од драго патување со неговата сопруга не сподели, но еден детаљ го издаден актерот.
Вчера Коцев го одржа неговиот стенд ап „Широк Дијафазон“ во МНТ, а со тоа потврдува дека фотографијата со сопругата е само убав спомен.
Коментарите под фотографијата се преполни со комплименти колку убаво изгледа парот.
„Многу убави. Се надевам дека е стара сликава, за 45 мин те чекаме во МНТ“, „Блазе тебе каде да одиш докторка си носиш со себе - нема зима“ се само дел од коментарите.
Сопругата на македонскиот актер по професија е докторка, а пред неколку години стана и доктор на науки. Смиљана и Сашко во брак од 2012 година. Инаку на Сашко, Смиљана ја побара за сопруга на популарната манифестација „Златна Бубамара на популарноста“.
Фото: Фејсбук