Сава е брат на Теодора Џехверовик: Со 15 години помлада од него добија бебе, а љубовта им е како бајка (ФОТО)

Веста за врската меѓу Сава, братот на Теодора Џехферовиќ и блогерката Адријана во соседна Србија направи „бум“ пред неколку години - и тоа не без причина. Имено, таа била само 17-годишна средношколка кога се заљубила во професорот Сава, а за нивната забранета љубов немало запирање. Двајцата се венчаа и пред неколку дена го добија своето прво дете 

Адријана и Сава денес се инфлуенсери на Инстаграм и нивниот заеднички профил „Nobasiccouple“ брои 100 илјади луѓе, а двајцата споделуваат детали од својот живот, како и од многуте патувања на кои одат.

На тој начин тие споделија и многу интимни моменти од раѓањето на нивната ќерка Доротеа.


Тие се запознале кога таа била во средно училиште

Разликата во годините е голема - полни 15 години - сама по себе е доволно скандалозна, а кога во равенката ќе влезе фактот дека девојката имала 17 години, приказната добива многу посериозен тон. Сава од Белград во времето кога се пишуваше за нив имаше 32 години, а Адријана од околината на Панчево само 17. Сава бил заменик наставник, а Адријана ученичка.

- Бидејќи тогаш бев само студент, имав статус на заменик. Никогаш не ѝ предавав, но Адријана ја гледав секој ден на училиште - објасни тогаш Сава, а Адријана додаде дека се заљубила во наставникот на прв поглед.


- Имаше сѐ што сонував дека еден маж треба да има. Иако знаев дека оваа врска е невозможна, некаде внатре се надевав дека еден ден сепак ќе бидеме заедно. По некое време Сава замина во Австралија со намера да остане таму засекогаш, што беше големо разочарување за мене бидејќи претпоставував дека нема да го видам повеќе - призна тогаш Адријана.


Сепак тие одржувале контакт секој ден, а Сава објасни што го привлекло кај една средношколка.

- За мене Адријана покажа неверојатна зрелост уште од самиот почеток, а ме воодушеви тоа што иако е млада, таа работи, заработува и го покажува својот талент преку шминка. Ме привлече не само нејзината неверојатна убавина, туку и тоа што зрачи со добрина, радост и природност. За мене таа го претставува животот во неговата најчиста форма - истакнува тој, а забранетата љубов на Адријана и Сава очигледно има многу среќен крај.

Извор: zena.blic.rs