Момент кој буди многу емоции: Александра Пријовиќ со синот на сцена-слушнете како пее малиот Александар ВИДЕО
Нема концерт без да ја изведе песната „Звук тишине“, а често токму на оваа песна на сцена излегува нејзиниот син и заедно пеат.
На социјалните мрежи едно видео стана вирално, кога пејачката Александра Пријовиќ ја пее песната „Звук тишине“, со специјален гостин на сцената.
Прија со особена емоција ја пее една од најубавите балади, додека го гледа во очи својт син. За тоа време тој се смееше и срамежливо потпевнуваше покрај неа.
На еден од концертите во Сараево, Александра им го претстави синот на обожавателите кој имал желба да излезе на сцена.
- Дозволете ми да ве запознаам со мојот син Александар. По синоќа имаше голема желба вечерва да излезе на сцената. Јас, се разбира, му ја исполнив желбата. Љубов, добро си? Тоа е. Ајде да испратиме бакнеж вечерва до оваа прекрасна публика, до овие прекрасни луѓе - рече Александра, а луѓето од публиката не престана да врескаат и ракоплескаат тогаш.
Фото: Принтскрин